Horizon Zero Dawn Complete Edition e бесплатна за PS4

Horizon Zero Dawn, играта која на времето ја прогласивме како една од најдобрите видео игри со женски протагонисти, моментно е бесплатна за преземање од страна на сите сопственици на PS4 конзолата. Како дел од Days of Play иницијативата на Sony, доколку играта ја преземете, ќе можете засекогаш да си ја играте.

Најдоброто од сево ова што се работи за комплентната едиција, а тоа значи дека основата игра се испорачува и со експанзијата Frozen Wilds. Frozen Wilds е и една од најдобрите експанзии, особено доколку сте по снежни игри. Па така, промоцијата вреди и само доколку веќе имате поминато низ основната игра, но не и експанзијата.

Horizon Zero Dawn Complete Edition ќе биде бесплатна до 15 мај.

Инаку, играта веќе некое време како е достапна за PC, таа и уште 11 други игри кои првично излегоа како PS ексклузиви.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии