HootSuite 5 со Google Analytics, HTML5 и гео-пребарување

Мала промена на HootSuite 5 се новите теми со потемна позадина, но големите се користење на HTML5 интерфеjс што овозможува да се повлечат и спуштат слики и други фајлови во новите постови, што го прави твитањето полесно и побрзо, се вели во блог постот.

Најинтересната новина е Google Analytics алатката за следење и анализа на твитовите, пример колку пати е кликнат линкот, колку е ретвитан твитот, кликови по регион итн.

Исто така на интеграцијата на Facebook е додадено опција за вметнување слика при постирање на друштвената мрежа и можност да се додадат наслови и описи на сликите.

Друга опција е гео-пребарувањето на твитовите близу вас, а додадена е и опција за автоматско ретвитување, која Twitter ја воведе неодамна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии