Хонг Конг доби 1Gbps интернет за 1100 денари

Ова неверојатна понуда за многу други земји е се уште научна фантастика, но покажува дека брзината на интернетот расте обратно пропоционално од цената на услугата. Тоа може да се забележи и во Македонија, каде пред само 1 година се плаќање 1000 денари за 512kbps интернет ограничен на 2GB, а сега за истата цена добивата 4Mbps и 25 GB лимит.

Секако, смешно е да се споредуваат услугите кои се нудат во Хонк Конг и тука, но ниту една земја/провајдер не може да се пофали со услуга од 1Gbps интернет конекција, а камоли за ефтина цена. Во САД пример Google планира да стартува мрежа со таа брзина, но тоа се уште е експериментална фаза.

Сепак, несомнено е дека еден ден, во блиска иднина ќе можеме да сурфаме на волку брзи интернет бранови, а тогаш наместо гледање лош квалитет кратки видеа на YouTube, ќе може да гледаме високо квалитетна HD 3D холограмска и-кој-знае-каква-друга -телевизија стримана во живо.

13 коментари на “Хонг Конг доби 1Gbps интернет за 1100 денари

  1. Многумина од вас не го ценат ни тоа што го имаат… а не забележувате дека за да напраите пари на интернет не ви треба 1gbps брзина.. поздрав и размислете дали рационално го користите интернетот како извор на знаење!

  2. А, ОНЕ се уникат невиден! На нив треба да им се даде награда за нестручност, аматеризам и краен безобразлук во работењето! Ако немаш пријател што ќе ги замоли да ти го решат проблемот ќе чекаш според договорот 10 – 15 работни денови! Наздравје бричење!

  3. Не, господо, грешка! Овде кај нас сите плаќаме АСТРОНОМСКИ цени за се што е поврзано со IT – технологија, а добиваме последна класа по квалитет! Интернетот е приказна за себе, која за жал уште долго ќе не измачува и нервира!

  4. ko prvo nasiot telekom nema asalni serveri koi drzat realni 20mbps pa kamoli 100mbps ili pak kamoli da dozvolat download upload neograniceno ke im se stopat serverite taka da za edno 15 godini do 20 ke imame nie kako xong kong a oni ke imaat nesto sto e naucna fantastika kako sto spomna vlade pozz

  5. би му плаќал и по 3000 ден месечно за таков итернет …
    кај нас … 1500 ден кабелски …. и плус ако има арно … ако падни интернетот ,(пример некој поголем дефект на нивната мрежа ) и ако не му се јавиш едно 200 пати за да го поправат , нема ни со прст да мрднат …

  6. ЛОЛ што е скапо??? 1000 денари? само штo многу луѓе забораваат дека во случај на толку брз интерент главниот проблем ќе биде како нашиот компјутер ќе го прифати огромниот број на податоци т.е трансфер во секунда…хардовите ни се мејџор ботлнек! Све ќе ти се блокира :))

  7. Тие ќе имаат 1Gbps интернет а во Македонија просекот е испод 1Mbps. Земја на информатичари… подобро да се рече земја на романтичари и сонувачи.. ова кај нас за 10 год ќе биде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии