Honda цел на сајбер напади

Јапонскиот производител на автомобили и мотоцикли Honda вчера објави дека поради сајбер напад запреле со производство во неколку производи постројки за производството на автомобили и мотори. Портпаролот на Honda потврди дека се цел на сајбер напад.

Во нападот врз Honda е користен ransomware, а портпаролот објави дека се сомневаат дека малициозниот софтвер е инсталиран на интерните сервери.

Засега нема податоци како напаѓачот успеал да го инсталира својот софтвер на серверите на Honda. Различни измами поврзани со епидемијата се забележани, како испраќање на фишинг пошта со Ковид порака. Како последица на ова забележан е пораст во бројот на ransomware напади.

Покрај главните сервери во Јапонија зафатени се повеќе локации. Дел од производните постројки се отворени, но најголемите погони во САД и Европа сè уште се затворени. Не работат фабриките во САД, Турција, Велика Британија и Италија.

„Honda може да потврди дека сајбер напад е извршен врз мрежата на Honda. Зафатени се и системите надвор од Јапонија“

Покрај производните системи, зафатени и недостапни се и грижата за корисници и финансиските услуги на Honda.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии