Homepage.mk сака го замени Google како почетна страна за македонските корисници

Homepage.mk е нов македонски директориум на сајтови чија цел е да биде почетна страна преку која со еден клик се стига до сите популарни светски и локални сајтови. На сајтот имате линкови до Facebook, Yahoo, Hotmail, IT.com.mk, Дневник, Факултети, Google Maps и куп други популарни и корисни веб сајтови, а додадени се и категории како спорт, филмови и форуми.

Во суштина, страната е интересна и корисна ако ги посетувате тие популарни сајтови постојано, но доколку имате други омилени сајтови кои не се на листата, тогаш нема да ви користи. Можеби Homepage.mk треба да добие опција за персонализирање на таа страна со додавање на линкови. Целта на страната е секако амбициозна, бидејќи сака да го замени Google како почетна страна кај македонските корисници.

„Предноста на HomePage.mk е во тоа што со поставувањето за почетна страница корисникот и понатамо ќе го има Google за неговите пребарувања со таа разлика што ќе има и можност со еден клик да стигне до најпопуларните светски страници како Facebook или YouTube и до најпопуларните македонски сраници меѓу кои нормално е и IT.com.mk.“, вели Homepage.mk.

12 коментари на “Homepage.mk сака го замени Google како почетна страна за македонските корисници

  1. homepage.mk е очигледна копија на wd.spirkoski.info (WebDesktop). WD постои веќе втора година (и не се умилкува на портали), односно од крајот на 2011-та. homepage очигледно е од каде копирале, но не ја сфатиле поентата… Инаку во припрема е обновен изглед на WD…

  2. Доколку се збогати со повеќе опции и да биде персонализиран, можеби и ќе добие повеќе корисници. Искрено, јас не би го користел, со проста причина што сите сајтови ми се букмаркирани, а пребарувам директно преку адрес барот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии