Home ќе го претвори вашиот Аndroid телефон во Facebook телефон

Facebook апликација за Android? Тоа е премногу едноставно. Тоа што Facebook сака, е да го направи вашиот телефон место за се што се случува на друштвената мрежа. Facebook Home е новата длабока интеграција што го модифицира вашиот Android телефон за да го направи поедноставен за следење на активностите на мрежата. Од Cover feed кој го претвара вашиот почетен екран во Facebook Home екран преку кој може да споделите статус или проверите што вашите пријатели постирале, до Chat Heads функционалноста преку која пораките од вашите пријатели ви се ставени врз глава. Со Home веќе немате Android телефон, туку Facebook телефон. Прашањето е дали би сакале Facebook телефон?

„Ќе може да го претворите вашиот Android телефон во вистински друштвен уред.“, вели Марк Закерберг. „Нашите телефони денес се дизајнирани околу апликациите, не луѓето. Ние сакаме да го превртиме тоа.“

[youtube]Lep_DSmSRwE[/youtube]

Facebook Home е наменет да останете постојано во контакт со пријателите преку друштвената мрежа. Наместо да отварате Facebook апликација, со Home вашиот телефон ќе добие куп функционалности за полесно дружење. Прво што ќе забележите е Cover Feed кој го заменува вашиот почетен екран. Наместо позадина, сега на почетниот екран ќе добиете слики од вашите пријатели кои се споделени на мрежата до кои веднаш може да пристапите за да ги лајкнете или да коментирате на нив. Преку почетниот екран ќе имате и брз пристап до нотификациите, вклучувајќи и нотификации за апликациите кои ги користите на мрежата.

Целиот интерфејс е навистина прекрасен, посебно што е дизајниран така да ги користи максимално интуитивните движења на прстите. Пример, кликнете на лицето на пријателот да се појави прозорче за чет, скролнете странично за да видите други слики и статуси, или пак да се префрлите меѓу апликациите. Интересна е и опцијата Chat Heads која, кога има нова порака од пријател, ви ја закачува неговата профил слика на горниот десен агол на екранот. Сликата стои на екранот за да ве потсети дека имате порака која може да ја прочитате – или да започнете разговор – со само еден клик додека користите друга апликација или проверувате имејл.

Facebook Home ќе биде достапен од 12-ти април за HTC One X, HTC One X+, Samsung Galaxy S3 и Samsung Galaxy Note 2.

[youtube]tWKE0HTl0ig[/youtube]

2 коментари на “Home ќе го претвори вашиот Аndroid телефон во Facebook телефон

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии