Holomite e првиот македонски виртуелен дигитален асистент

Holomite е семеен дигитален асистент кој благодарение на холограмското решение се разликува од конкуреницијата. Уредот го произведува Vortechs Media, чиј основач е Столе Китановиќ.

Holomite истовремено е повеќе работи. Главната функционалност му е монитор за надгледување на бебиња, па Holomite доаѓа со можност за видео и аудио стрим. Истовремено, уредот е и музички плеер и овозможува играње на семејни игри. Родителите можат да го користат и за гласовни пораки, но и како калкулатор, енциклопедиа, известување за времето и часовник. Со помош на апликацијата родителите можат на децата да им испратат порака, и да добијат порака назад.

Освен ова Holomite е речиси стандарден домашен асистент. Корисникот може да му поставува прашања, па уредот е и енциклопедија. Пред излегување може и да информира за временските услови и најавите за временските промени. Целото активирање на Holomite е гласовно.

Image courtesy of Holomite

Секако, најинтересен дел од уредот е холограмскиот миленик, кој е и своевидна играчка, бидејќи помладите можат и да се грижат за него. Досега се претставени две виртуелни миленичиња, но пред официјалната продажба можеби ќе има и некое изненадување.

Производот наскоро ќе биде достапен преку Kickstarter кампања, а засега може да му ја дадете вашата поддршка на Product Hunt.

Fun fact: Столе Китановиќ, или DynamicMK, е дизајнерот кој го најми ИВМ Нетворк за дизајнирање на IT.mk логото. 🙂

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии