HoloLens ни покажа дека иднината може да биде фантастична!

Наместо досадна презентација за уште еден Windows, Microsoft ги изненади сите откривајќи ги своите холограмски очила HoloLens, кои наликуваат на спој на Google Glass и Oculus Rift. Очилата овозможуваат проекции на 3Д генерирана графика на површините во околината, но и манипулација со истата. ИТ светот не очекуваше ваква иновативна технологија.

„Камерата има FoV 120 на 120 степени – многу повеќе од Kinect ова ќе овозможи да ги гледате рацете речиси и кога сте најиспружени. Сензорите го преплавуваат уредот со терабајти податоци во секоја секунда, а се ова се обработува во уредот преку процесорот, графичкиот процесор и првата холо-процесирачка-единца (HPU)“, вели Wired.

[youtube]5GyA3SJF2SE[/youtube]

HoloLens беа изненадувањe, но компанијата очигледно имаше подолг период на соработка со некои од партнерите. Токму од оваа соработка доаѓа и најинтересниот дел од идните примени на HoloLens.

Би сакале ли да чекорите по Марс?

Соработката со NASA и софтверот OnSight покажа дека прошетките на Марс можат да бидат реалност. Корисниците можат да се прошетаат на планетата, но тоа што импресионира е нивото на детали кои го овозможува уредот. Засега OnSight креира 3Д сумулација од податоците кои ги испраќа возилото Curiousity кое помина веќе две години на Марс. Во иднина со подобри врски со мисиите, ќе може научници од Земјата да „шетаат“ заедно со Curiosity, но и да му дадат инструкции да посвети поголемо внимание на некои објекти кои ќе ги заинтересираат, кои тие би можеле да ги разгледаат преку HoloLens.

Целиот свет е Minecraft

Гејминг одделот на Microsoft пак најде начин како да ја направи популарната Minecraft подобра. Со помош на Hololens корисниците ќе можат да ја играат играта наместо во виртуелниот свет, на својата маса, плакари, столици, полици и слично, што според Venture Beat ја прави играта и „секојдневната маса“ на која се симулира холограмот „далеку поинтересна“.

Индустриските прототипи ќе бидат холограми

За индустриските дизајнери HoloLens ќе овозможи дизајнерот ќе може да ја види својата креација во просторот, наместо на екран. Додаденaта функционалност за препраќање на моделите на 3Д печатење директно од очилата е уште една одлична функционалност.

Ќе може да дизајнирате холограмски дом

Интериор дизајнoт исто така би можел да доживее возбудливи промени, па така наместо дизајнерот да им објаснува на сопствениците како ќе изгледа станот или куќата, со помош на HoloLens тие буквално ќе можат да видат холограм од својот дом пред да инвестираат во него.

Секојдневните проблеми ќе бидат споделени

HoloLens доаѓа со камера па се што гледате вие може да гледа уште некој, така ќе може да повиката електричар или водоводџија, но притоа, покрај тоа што инструкциите доаѓаат преку HoloLens, поправките ќе може да ги направи корисникот веднаш. На пример доколку менувате гумичка на чешма, инструкциите би ви објасниле што треба да направите, како да ја замените гумичката и како сè да вратите во првична состојба. Оваа функционалност нема да доаѓа преку некој специјален софтвер, туку корисниците ќе можат да го прават ова преку видео повиците на Skype.

Microsoft вели дека светот е подготвен за холограми

Mожностите на HoloLens се навистина импресивен и покажува дека, иако можеби Microsoft не е број еден кога се во прашање дел од производите, развојниот тим сè уште е еден од најдобрите. По подолго време Microsoft, под водство на Сатја Надела, излегува со потполно нова технологија на пазарот која е пријатно изненадување за сите.

[youtube]aAKfdeOX3-o[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии