HoloLens доаѓа во Европа! Британија, Германија, Франција дел од новите пазари

Дел од компаниите во Европа можат да започнат со порачки на уредот за виртуелна реалност на Microsoft – HoloLens. Уредот за „измешана реалност“ сега е достапен во: Ирска, Франција, Германија, Велика Британија, но и во Австралија и Нов Зеланд. Партнерите на Microsoft се Audi, Airbus, Thyssenkrupp AG, Saab Group и Volkswagen. Дел од импресивниот софтвер кој го користат можете да го видите на видеото подолу.

Интересно компанијата за првпат го споменува терминот „измешана реалност“ (mixed reality). Па сега покрај виртуелна, надградена, споена имаме уште еден термин.

Компанијата најави дека во иднина се надева на кориснички производ, но цената од речиси 3.000 долари засега нема да донесе многу заинтересирани купувачи. Примените на Hololens изгледаат речиси без ограничувања, освен цената. Технологијата овозможува интегрирање на околината во виртуелниот свет и можности како презенитање на упатства директно во просторот.

Досега видовме неколку интересни примени на HoloLens, од Minecraft па се до апликацијата за NASA, виртуелната реалност на Microsoft изгледа одлично. Microsoft интегрира речиси се во виртуеланта реалност од Skypе, па се до календарот.

1 коментар на “HoloLens доаѓа во Европа! Британија, Германија, Франција дел од новите пазари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии