Холивуд ќе снима филм за интернет феноменот Grumpy Cat

Пред само девет месеци Grumpy Cat беше непозната мачка некаде во Аризона, во гратчето Мористаун со популација од само 227 жители. Денес, таа е интернет феномен препознатлив ширум светот. A, благодарение на Бен Лашес, агент за интернет мачки (ова звучи чудно, но мачките се популарни животни на интернет, па некој се досетил да профитира од нив), наскоро Grumpy Cat ќе ја видиме и во Холивудски филм, како филмот за Гарфилд.

Првата слика од мачката која се појави на интернет беше закачена на Reddit. Заедницата ја најде интересна и стартуваше меме. За кратко време целиот свет се забавуваше со сликите од лутата мачка која изгледа како ништо да не и важно во животот. Инаку, вистинското име на намќорестата мачка е Tardar Sauce што звучи исто бизарно како целата приказна.

Сопствениците знеаја како да ја искористат славата. Неделава во Њу Јорк се промовира книга „Grumpy Cat: A Grumpy Book: Disgruntled Tips and Activities Designed to Put a Frown on Your Face”, пишува Wall Street Journal. Покрај книгите, Grumpy Cat ќе се гостува и на неколку настани како супер-ѕвезда со која ќе се сликаат луѓето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии