Холивуд: Иднината на филмовите ќе биде дигитална

Филмското студио Pаramоunt ќе прекине да ги испорачува филмовите на 35 милиметарски филмски ленти и отсега сите копии кои ќе бидат испорачувани низ кината во САД ќе бидат дигитални. Во останатите региони каде што кино салите сè уште се недигитализирани, Paramount ќе продолжи да ги испорачува 35 милиметарските филмови, но се чини дека е прашање на време кога кината ќе се модернизираат и ќе можат да ги прифатат дигиталните копии. Овие копии чинат околу 100 долари, додека цената на филмските ленти е околу 2.000 долари.

Иако Paramount е првото студио кое се одлучи за овој чекор се очекува останатите студија наскоро да го превземат истиот чекор. Оваа одлука е прилично едноставна кога се САД во прашање бидејќи единствено 92 отсто од кино салите се веќе дигитални. Предвидувањата се дека филмовите ќе бидат испраќани преку сателит до кино салите, дополнително намалувајќи ја цената за испорака. Дополнително скапите 3Д филмови како Avatar на Џејмс Камерон ја популаризираа дигиталната технологија, па се поголем дел од кино салите се префрлија на овој формат.

„Во изминативе 120 години, филмот и 35mm беа формат на избор за презентација во кината. Сега сме сведоци на крајот на оваа пракса. Не сум изненаден од ова туку ме изненадува колку брзо ова се случи“, вели Кристофер Хорак од UCLA Film & Television Archive за LA Times.

Последниот филм кој студиото го испорача во 35 милиметарски формат е Anchorman 2: The Legend Continue, а веќе има најави дека The Wolf of Wall Street ќе биде првиот филм кој ќе биде достапен единствено во дигитален формат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии