Холивуд го објави Hulu.com

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Се чини како холивудските студиа навистина да се изморени од гледање како нивните дела се објавуваат на интернет преку разни видео сајтови и торенти  па  се решија на еден храбар чекор кој навистина ќе измени многу работи – го објавија сервисот Hulu.com кој овозможува гледање на бесплатен легален видео материјал онлајн. Сервисот беше објавен пред недела дена и вклучува содржини од над 50 телевизиски мрежи.

Hulu.com е всушност заеднички проект на два големи медиумски конгломерати, NBC Universal и News Corporation кои ги поседуваат едни од најголемите мрежи во светот кои се вклучени во овој проект: FOX, NBC, MGM, Sony Pictures Television, Warner Bros, Lionsgate. Преку Hulu.com ќе можете да ги гледате ТВ сериите како The Simpsons, The Office, Miami Vice, Battlestar Galactica, Saturday Night Live и голем број на други само неколку часа откако тие ќе бидат прикажани за премиерно на телевизиите. Сервисот исто така овозможува и гледање на целосни филмови.{mosimage} Oвој проект Холивуд го поддржува со објавување на три блока реклами при гледање на една серија од 20 минути. Hulu.com е лесен за користење бидејќи содржи навистина едноставна навигација. Рекламите кои се прикажуваат се долги по 15 секунди и практично е исто како да гледате телевизија онлајн, само што сега имате можност да ги гледате сериите во временски периоди кои Вие самите ќе ги изберете и да паузирате кога тоа и да го посакате.

Единствената лоша работа за нас би била што Hulu иаку е бесплатен сервис за корисниците, засега е поддржан само за САД. Ова не е прв ваков сервис од големите телевизиски куќи во САД, ABC на својот сајт ABC.com веќе ги објавува своите серии дури и во HD квалитет…но повторно, достапно само за интернет корисниците од САД и за оние умни глави кои ќе успеат да го надитрат системот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии