Холандскиот стартап Fairphone претстави втора верзија од својот модуларен телефон

Холандскиот стартап Fairphone, ја претстави новата верзија на својот модуларен паметен телефон, Fairphone 2. Новиот телефон доаѓа со Android 5.1, 5-инчен HD-екран, 4G LTE, 2GB RAM, Gorilla Glass 3, 8 МР задна камера, Snapdragon 801 процесор, дуал SIM слот и Micro SD слот. Дополнително на телефонот е оставен простор на кој би можеле да се инсталираат сензори кои ќе бидат достапни подоцна.

Но, тоа што е поважно е што се работи за модуларен телефон, или „направи-си-сам“ телефон, што знач дека сите делови се лесно заменливи, па купувачите можат да креираат персонализиран телефон во зависност од сопствените потреби. Покрај ова можна е замена на дотрајани, расипани или делови кои се застарени, а со тоа и намалување на електричниот отпад.

Корисниците на Fairphone 2 може самите да заменат модули од телефонот, иако се чини дека ова не е едноставно колку на Project Ara. Сепак со оглед на тоа дека Project Ara нема дата на излегување, а Fairphone 2 треба да биде достапен од следната година ова е сосем разбирливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии