Холандски суд стави крај на патент војната, Samsung не го копира Apple

Се чини војната меѓу Samsung и Apple е при крај. Првин британските судии рекоа дека Apple е покул од Samsung, а сега и холандски суд одлучи дека Samsung не прекршува патенти на Apple за технологија за допири на паметни телефони и таблет компјутери, пренесува Reuters.

Apple го даде Samsung на суд поради патент за „стесни да зумираш“ функционалност на екраните на допир на паметните уреди. Првично Apple бараше забрана на продажба на продуктите на Samsung, но тоа беше одбиено бидејќи холандскиот суд се согласи со своите колеги од Британија и Германија, и рече дека Samsung не ги нарушува патентите.

Apple и Samsung се расправаат по судови во 10 различни земји. Во моментов Apple победува само во САД, каде тамошните судии рекоа дека Samsung копирал функционалности на iPhone и iPad и му изрече 1 милијарда долари казна на јужно-корејската компанија. Samsung поднесе поплака против одлуката.

Но, ниту судиите во САД не сакаа да забранат продажба на Samsung Galaxy уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии