Холандија го направи првиот чекор за IoT мрежа во Ротердам и Хаг

Интернет на нештата е иднината на паметната електрониката, и Холандија сака да биде првата земја која ќе почне да се модернизира и ќе обезбеди мрежа за поврзување на уредите.

Холандскиот телекомуникациски гигант KPN ја изгради првата национална Low Power Wide Area мрежа со отворен LoRa-стандард. LoRa мрежите се клучни за идниот развој на интернет на нештата (IoT), бидејќи преносот на интернет сообраќај преку овие мрежи е наменет токму за поврзување со сензори и слични уреди со мала моќност. Се прави поврзување кое нема да ја празни батеријата на уредите, но и џебот на корисниците.

Првите LoRa мрежи се во Ротердам и Хаг, а предвидено е наскоро мрежата да ја покрие територијата на целата држава. Но, ова не се првите мрежи наменети за интернет на нештата. Компанијта Sigfox на големо започна да ја инсталира својата мрежата со поинаков стандард од LoRa. Американскиот провајдер Senet веќе работи на креирање на вакви мрежи во стотина американски градови, а плановите им се дополнително разгранување во следните неколку години, вели Business Insider.

Она што ќе го овозможат овие мрежи во иднина е креирање на уред за кои сопствениците нема да мора постојано да ги проверуваат батериите, и ќе можат да ги поставуваат каде што сакаат. Технологија и уреди има доволно и сега: од паметни огледала до паметни згради, телевизори и автомобили, а без сомневање во иднина ќе има и повеќе и поинтересни уреди. Во 2020 година се предвидува дека бројот на уреди поврзани на интернет на нештата ќе биде над 34 милијарди, три пати поголем отколку денес.

1 коментар на “Холандија го направи првиот чекор за IoT мрежа во Ротердам и Хаг

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии