Холандија го доби првиот „биткоин булевар“

Додека Народната банка вели дека трговијата со биткоини е нелегална во Македонија, и додека чекаме во Скопје да се организира првиот биткоин собир, со почетокот на пролетта сите продавници од двете страни на каналот во центарот на Хаг, во Холандија, ќе започнат да прифаќаат исплати во дигиталната валута. Станува збор за две улици кои се на двете страни од каналот, Bierkade и Groenewegje, кои отсега ќе бидат познати како „биткоин булевар“. Во зафатениот дел на улиците има девет ресторани и една умитничка галерија, пишува Coindesk. Дел од сопствениците на продавници веќе најавуваат „bitcoin happy hour“ период во кој сите муштерии кои плаќаат со биткоини ќе добијат специјален попуст.

Идејата и реализацијата Булеварот на биткоини е дело на тројца ентузијасти Хенрик Јан Хилболинг, Петер Класен и Хенк ван Тијен кои успеаја да ги убедат сите сопственици на улиците да ја прифатат крипто-валутата како платежно средство во своите објекти.

„Ова не е само за гикови како нас, туку и за обичните мајки и татковци, деца и студенти Целата е да се направи за многу поширока публика“, вели Хенк ван Тијен.

[youtube]h6wOn9G2Wy4[/youtube]

2 коментари на “Холандија го доби првиот „биткоин булевар“

    1. Тоа ни е нешто како професионална мана, секојден пишуваме текстови па некогаш и грешиме. Во секој случај ти благодариме на забелешката, го прегледавме текстот. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии