Hive верува дека паметниот дом може да се контролира со копче на телефон

Еден од најголемите конкуренти на Nest, британскиот Hive го збогати портфолиото на производи за паметниот дом со три нови продукти. Покрај термостат, компанијата додаде паметен приклучок, сензор за врата и прозорец и сензор за детектирање на движење. Сите уреди се поврзани на интернет и можат да се контролираат преко едноставна апликација на телефон.

Сите уреди се приклучуваат на централна локација од каде можат да се управуваат преку паметен телефон. Приклучокот може да се поврзе со апликацијата за загревање и ако на него се вклучи грејно тело може да управува преку истата. Сензорите генерално се за безбедност и испраќаат нотификации на телефонот доколку забележат отворање на прозорецот или вратата или доколку има движење кога корисникот не е дома. Сензорите за врата и прозорци и паметниот приклучок, се веќе достапни, а наскоро од 9 февруари, пристига и сензорот за движење, jави Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии