Хирурзите од Универзитетската болница на Дјук направија прва трансплантација на механичко срце во САД

Дејан Соколоски

во Вести

Триесет и девет годишен пациент од Шалот, Северна Каролина, е првиот човек во САД на кој му е направена трансплантација на механичко срце. Операцијата ја направи хируршкиот тим на Универзитетската болница на Дјук предводен од докторите Џакоб Шрудер и Кармело Милано. Пациентот е стабилен, и во моментов е под лекарски надзор во болницата.

Вештачкото срце е произведено од француската компанија CARMAT и се состои од две комори и четири биолошки вентили, кои овозможуваат срцето не само да наликува на човечкото, туку и да функционира како вистинското срце, пренесе Interesting Engineering.

Работата на срцето со течност која доаѓа од надворешен систем. Во надворешниот систем покрај „ќесата“ со течност се и контролерот и батериите за работа на срцето. Надворешниот систем е преносен, тежи околу 4 килограми, и со батериите е овозможена 4 часовна работа на срцето.

Во Европа првиот пациент доби механичко срце произведено од CARMAT пред 2 месеци, а на 19-ти јули компанијата го продаде првото срце. Во болницата Azienda Ospedaliera dei Colli во Наполи веќе му е направена трансплантација на пациентот кој го купи срцето.

Вештачкото срце на CARMAT во Европа може да се користи единствено привремено кај пациенти кои е дијагностициран бивентрикуларна срцева слабост во крајна фаза, и тоа само кај пациенти со веројатна трансплантација во следните 180 дена.

Придобивките од користењето на механичко срце се огромни. Секоја година во светот се прават помеѓу 5000 и 6000 трансплантации на срце, но бројот на пациенти кои имаат потреба од трансплантација е помеѓу 10 и 20 пати поголем. Недостатокот на донатори за трансплантација на срце е главна причина за големиот јаз помеѓу пациентите на кои име  направена трансплантација и оние кои чекаат. Со механичкото срце ќе се овозможи поголем број на пациенти да имаат понормален живот иако чекаат трансплантација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии