Hi Store од Македонија е официјален партнер на кинескиот гигант Xiaomi

Image courtesy of Xiaomi

Hi Store кој до неодамна беше неофицијален партнер на Xiaomi за Македонија ја официјализира соработката со кинескиот гигант Xiaomi. Ова значи дека купувачите од оваа продавница ќе можат да купат лиценцирани производи од Xiaomi.

Ова се добри вести за најголем дел од корисниците и љубителите на Xiaomi. Секако, не се добри вести за продавниците кои неофицијално ги купуваат овие производи и ги продаваат во Македонија.

Разговаравме со Герасим Андоновски основач на Hi Store, за тоа што оваа соработа ќе го овозможи за корисниците. Најверојатно веста која најмногу ќе ги израдува корисниците е промената во гаранцијата која сега е 24 месеци, пораст од 12 месеци претходно.

Корисниците добиваат уред тестиран во фабрика, затворен, и донесен за продажба во Македонија; производот е со сите сертификати, гаранции и претходни тестови за ЕУ и МК пазарот; фабрички инсталиран MIUI, GLOBAL верзија која ќе има ОТА од производителот, како и македонски и албански јазик (официјално).

Дополнително, добра вест е и дека Xiaomi ќе биде присутен на пазарот со куп други производи кои се достапни за пазарите надвор од Кина. За потсетување, Xiaomi е партнер на Facebook во производството на следната генерација на Oculus. Xiaomi имаат куп одлични и достапни уреди кои не се телефони.

„Сите производи кои имаат своја верзија за надвор од Кина (ЕУ или САД) ќе бидат понудени за продажба на нашите клиенти во Македонија. Портфолиото на уреди постепено ќе се зголемува. Од февруари ќе имаме и галантерија за новите модели.“

Сервисирањето ќе биде достапно во лиценцираниот сервис, каде ќе бидат достапни и оригинални резервни делови за уредите.

Гаранцијата отсега има мали промени, и иако ова не се случува често, промените се во корист на купувачите.

„Гаранцијата сега е 24 месеци, беше 12. Нашиот сервис (Hi Store – Authorized Xiaomi Service Center по ново, целиот назив) следниот месец ќе се пресели на нова локацијац. Со тоа ќе се створи еден HUB за прием, сервис и издавање на сите продадени телефони од нас, и од другите партнери. Ќе се зголеми брзината на сервисот, како и контролата.

Ние сме единствени овластени увозници на резервни делови, така да другите сервиси кои ќе сервисираат third party Mi телефони ќе можат да набавуваат оригинал делови по дилерски цени од нас. Со тоа ќе се намали растурот, а ќе се зголеми квалитетот на уредите за крајниот корисник“.

Што се однесува за сите други увозници, оваа пракса ќе мора да престане вели г. Андоновски.

„Сите увозници на Mi уреди во Македонија веднаш мораат да престанат со неофицијалниот увоз. Се увезува од секаде, се увезуваат уреди од сомнителен карактер (refurbished, fake итн.), се декларираат со лажни налепници. Ова претставува директно кршење на македонските закони, како и на регистрираната трговска марка Xiaomi. 

Нивните активности не се директно проблем/ингеренција на Hi Store, тоа е директно проблем на правниот тим на Xiaomi, како и на официјалниот Админ на МИУИ Македонија (јас, согласно мојот личен договор со Xiaomi за помош и заштита на брендот последниве 4 години.). Ќе преземеме соодветни акции. Но, на корисниците што купиле неовластен уред од друго место, поради заштита на нивните основни права, а затоа што биле донесени во заблуда од несовесни продавачи, ќе им се овозможи да го користат услугите на Hi Store Service Center под исти услови и за исти цени како и тие што купиле уред од Hi Store. Гаранцијата согласно нашиот закон си ја сноси тој од каде што го купиле прозиводот. За некои, доколку сакаат, Hi Store Service Center ќе може да им преинсталира MIUI Global официјална верзија, за промотивна цена“.

Од Македонија Hi Store ќе биде официјален партнер и за Косово и Албанија.

Први уреди кои доаѓаат по официјализирањето на договорот се: Redmi 5A, Redmi Note 5A, Mi Mix 2, Mi Max 2 и Mi A1.

1 коментар на “Hi Store од Македонија е официјален партнер на кинескиот гигант Xiaomi

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии