Здраво, јас сум Cortana: Microsoft го претстави својот говорен асистент

Microsoft ги објави сите поправки и новитети за надградбата Windows Phone 8.1 на едно место, и од тоа што може да се види досега, корисниците на Windows Phone имаат причина да бидат возбудени. Без сомневање најважен додаток на Windows Phone 8.1 е најaвениот личен асистент Cortana. Како и асистентот на Google и Cortana доаѓа со поддршка од пребарувач, само што во овој случај тоа е Bing. Асистентот набрзо ќе биде достапен во САД, но за жал со исклучок на Белика Британија, останатите европски држави ќе треба да почекаат до 2015 година до инсталацијата на Cortana, а пред нив асистентот ќе биде достапен во Канада и Кина.

Според најавите доколку корисникот го напише своето прашање, асистентот ќе одговори тивко, но доколку вербално го постави прашањето, не само што ќе биде погласна, туку и ќе продолжи со конверзацијата, обидувајќи се да ги имитира вистинските асистенти. Cortana ќе биде паметна, па од првиот момент ќе ги учи интересите на корисникот. Така Cortana ќе асистира со нотификации за имејл, најнови вести, а откако ќе ја научи омилената рута ќе асистира и со информации за сообраќајот. Според најавите ќе биде и „помошник“ па ќе асистира и при креирање на конференциски разговори или пуштање на видео.

[youtube]j5GxUPjipMg[/youtube]

Освен Cortana на барање на корисниците доаѓа и Action Center, каде корисниците ќе можат да ги видат сите нотификации од апликациите, без разлика дали се на почетниот екран или не. Според најавите доаѓа и нова тастатура која веќе го собори рекордот за 8 осум секунди. Подобрени се и Календарот, Skype, Music, Video, People Hub и куп други апликации. Персонализацијата ќе овозможи поставување на позадина која ќе биде видлива на „live tiles“ и со тоа телефонот ќе биде уште попрепознатлив, а на барање на корисниците доаѓаат и нови позадини за lock-екранот.

Wi-Fi Sense ќе овозможува менаџирање на потрошениот интернет сообраќај со WiFi hotspots. Освен ова сите да ја отклучат домашната бежична мрежа за своите пријатели, па тие ќе можат да се приклучат без да внесуваат лозинки. Storage Sense ќе овозможи префрлање на музика,слики видеа и апликации на мемориските картички.

Windows Phone 8.1 ќе доаѓа на новите телефони Lumia 630, Lumia 635 и Lumia 930, а учесниците во Developer Preview програмата ќе можат да го преземат Windows Phone 8.1 уште во април.

[youtube]cAu0YgPnuXM[/youtube]

1 коментар на “Здраво, јас сум Cortana: Microsoft го претстави својот говорен асистент

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии