Hewlett-Packard се откажа од webOS и од нивните нови и идни таблет компјутери

Една од најголемите ИТ компании Hewlett-Packard најави дека нема да продолжи со развојот на нивните таблет компјутери и паметни телефони кои го користеа оперативниот систем WebOS. WebOS е мобилен оперативен систем кој работи на Linux кернел и првично развиен од Palm, компанија која подоцна беше купена од Hewlett-Packard за 1.2 милијарди долари.

Покрај стопирањето на поддршката на webOS, Hewlett-Packard исто така најави дека ќе престане со производство на таблет компјутерите и паметните телефони. Оваа вест значи крај за HP Veer, HP TouchPad, и најавеното Palm Pre 3. Слабата продажба на HP TouchPad, oбјавен на 1 јули, пред помалку од два месеца, е една од причините за овој потег. Од стартувањето, HP TouchPad во В. Британија има продадено само 100 уреди, а во цела Европа само 700 уреди. За споредба првиот iPad се продаде 1 милион пати во првите 28 дена, a денес Аpple Има продадено над 25 милиони таблет компјутери.

Hewlett-Packard вели дека ќе продолжи да бара опции за како најдобро да го искористи овој оперативниот систем, и да продолжи да го развива. Компанијата изјави дека ќе бара партнери за да го линценира WebOS, но мала е веројатноста дека некоја компанија би се нафатила на такво нешто. Кога се појави WebOS, многумина го гледаа како исто толку добар како и оперативниот систем на Apple, iOS, и сега фактот дека постои голема можност да престане да постои е навистина голем шок за голем број на верни корисници.

Карактеристичното за WebOS е тоа што, за разлика од останатите оперативни системи, е базиран на облак што значи дека не користи десктоп програми за синхронизирање на податоци и ажурирање, тоа се прави онлајн.

4 коментари на “Hewlett-Packard се откажа од webOS и од нивните нови и идни таблет компјутери

  1. " Кога се појави WebOS, многумина го гледаа како исто толку добар како и оперативниот систем на Apple, iOS ".
    Neznam dali da se smeam ili da placam.

    1. Еве извадок од рецензија за WebOS 2.0 направена од Engadget:

      “Despite some issues, webOS 2.0 is probably neck and neck with iOS4 when it comes to polish and ease of use, and that’s a pretty huge thing for Palm. This isn’t just a good OS, it’s a great OS, and the updates in this version have made it even better. It’s obvious that when combined with even slightly better hardware, it’s also a fast experience that makes it easy to get real work done…
      If Palm wants to survive in this game — let alone truly compete — it needs to push killer hardware into the marketplace now.”

      Не е до оперативниот систем, до хардверот е.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии