Хелсиншки комитет ги повикува креаторите на видеоигри, со гејминг до подигање на свеста

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, ги повикува сите девелопери да креираат видеоигри. Повикот е за две видеоигри за млади на возраст од 10 до 15 години. Игрите се дел од проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности”.

Видеоигрите треба да ги отсликуваат сите вредности зад кои стои Хелсиншкиот комитет. На младите да им помогне да ги разберат потребите на лицата со попреченост и за подигање на свеста за етничките различности.

„Со цел да внесеме промена во начинот на покренување на свесноста за социјалните нееднаквости, одлучивме да користиме нови иновативни пристапи како што се видео игрите. Сакаме да го разбудиме интересот кај младите за повеќе состојби, како на пример состојбата со лицата со попреченост или пак потребата од толеранција кон различностите. Притоа сакаме да ги едуцираме како сите може да придонесеме за покренување на социјалната вклученост на ранливите групи. Во денешно време видеоигрите се една од работите кои најмногу ги интересираат младите и затоа сметаме дека треба да се употребуваат за постигнување на социјални промени. На глобално ниво видeоигрите често се користат за едукација и пренесување на пораки поврзани со социјални теми.“, ни објасни Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет.

„Очекуваме игрите да бидат динамични и едукативни и да ја заинтересираат пошироката јавност – младите, но и повозрасните. Идеално, овие игри ќе предизвикаат интерес кај луѓето за социјални прашања или пак за социјалниот статус на одредени групи и чувство за промена на нееднаквостите во општеството.“

Игрите треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите, но и за превенција од дискриминација. Повикот се однесува на две видеоигри кои треба да бидат достапни во мобилна и компјутерска верзија:

  •  Видеоигра од едукативен карактер за млади лица со содржина која ја подига свеста за потребите на лицата со попреченост и проблемите со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот во духот на недискриминацијата.
  • Видеоигра треба од едукативен карактер за млади лица, со содржина која ја подига свеста кај младите за етничките различности и потребата од толеранција во духот на недискриминацијата.

Главниот критериум за изборот на игра е нејзината оригиналност, а за едукативниот дел девелоперите може да очекуваат целосна вклученост на тимот од Хелсиншкиот комитет.

„Оригиналноста е нешто што особено ќе се цени како критериум за избор на игрите, а ова ги вклучува сите три елементи – игривоста, пораката и сценариото. За подготовка на едукативниот дел од сценариото дизајнерите може да очекуваат целосна вклученост на тимот од Хелсиншкиот комитет и заеднички да ги подготват пораките кои овие игри треба да ги пренесат, а кои во суштина се однесуваат на потребата од поврзаност на сите луѓе во општеството.“

Сите заинтересирани кои имаат искуство во развојот и изработувањето на видеоигри и мобилни апликации можат да аплицираат со своите идеи. Пријавувањето е отворено до 13 ноември, а изборот на игри ќе биде завршен на 20 ноември. Повеќе податоци на веб-страницата на Хелсиншки комитет.

1 коментар на “Хелсиншки комитет ги повикува креаторите на видеоигри, со гејминг до подигање на свеста

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии