Helperbird е одлична екстензија за луѓе со дислексија

За жал, одредени луѓе се наоѓаат во состојба каде нивниот мозок различно го процесира пишаниот јазик. Helperbird е исклучително корисна екстензија за прелистувач која е замислена специјално за лица кои страдаат од дислексија.

За полесно читање на текстот кој се прикажува на екранот, може да се користи Helperbird за да се прилагоди изгледот на скоро секоја страна. Со само еден клик може да се менува фонтот, да се користи можноста за зумирање, или пак да се овозможи режимот за далтонистите, односно луѓе кои не препознаваат (нијанси на) бои.

Доколку се кликне на првата опција, Fonts, може да се бира помеѓу 15 понудени фонтови. Zoom, од друга стана нуди можности за приближување на екранот, од 10%, па се до 100%. Color Blind режимот се одликува со Ephasize Links, каде се блокира текст кој води кон линкови, за да не се случајно кликне на него.

Лицата кои ќе го доживеаат Helperbird како корисна алатка, можат и да се претплатат на услугата, на месечно ниво.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии