Hearthstone: Heroes of Warcraft е нова онлајн игра со карти од Blizzard

Blizzard само што ја претстави својата нова бесплатна игра Hearthstone: Heros of Warcraft. Се работи за оналајн игра во која може да се натпреварувате против други играчи или компјутер со карти на кои се нацртани хероите на популарната Warcraft. Играта e freemium што значи дека некои карти со вештини ќе бидат бесплатни, а за други поексклузивни ќе се плаќа.

[youtube]QdXl3QtutQI[/youtube]

Нема датум кога играта ќе се појави на PC и Mac, а тоа што ќе го забележите во видеото со кое Blizzard ја претстави играта се гледа дека може да се игра на таблет компјутери, најверојатно и на мобилни телефони. Blizzard вели дека играта е направена од мал тим од 15 дизајнери кои имаат задача да го променат значењето на „епска игра“. Наместо да биде епски огромна како World of Warcraft, Hearthstone ќе биде со „епско искуство“.

[youtube]Q1O6wRgru1A[/youtube]