HBO претстави официјална Game of Thrones игра за мобилни

Image courtesy of HBO / YouTube

До следната сезона на Game of Thrones има уште две години. Сепак, од HBO имаат мало изненадување за фановите. Телевизијата ја претстави видеоиграта за мобилни платформи Game of Thrones: Conquest. Официјално играта излегува на 19 октомври, иако веќе е достапна на неколку пазари.

Да не се карактерите од Game of Thrones, играта нема да се разликува од генеричките стратегии за мобилни. Ако сте играле барем една, сте ги виделе сите. Во текот на играњето ја надградувате базата, ги праќате хероите на мисии, со секоја мисија стануваат се поискусни и добиваат нивоа. Тука секако е и одбраната на базата од останатите играчи. За жал ова звучи поинтересно отколку што е.

Најверојатно најзабавниот дел од играта се карактерите од серијата. Актерите од Game of Thrones му се советници на играчот, а тука е и музиката од серијата.

Апликацијата ќе биде достапна и за iOS и за Android, а дали ќе се игра cross-platform засега е непознато.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии