HBO започна битка со jутјубер кој објавува дeтaли за новите Game of Thrones

HBO прави сè што е во нивните можности да ги отстрани спојлерите за популарната серија Game of Thrones од YouTube. Kорисникот познат како Spanish Spoiler објавува детали и сцени кои ги откриваат клучните моменти во новите епизоди, и тоа го прави 2 дена пред да биде емитувана таа епизода. „Не можам да објавувам спојлери за третата епизода од шестата сезона на Game of Thrones, бидејќи HBO забранува. Но секогаш може да сметате на теории, предвидувања, анализи на она што ќе се случува. Кој знае можеби ќе погодиме сé.“, вели корисникот за Business Insider.

spanish-spoilers-blocked

Сепак предвидувањата се со премногу детали и без ниту една грешка, а и самиот објавувач потврди дека има извор во HBO чиј идентитет не сака да го открие. За жал, YouTube речиси веднаш ги отстранува видеата, иако основата за тоа дека штитат интелектуална сопственост се чини е прилично проблематична. По издавањето на видеото HBO тврди дека се сопственици на содржината, дури и ако објавувачот не се согласи со ова, треба да објави контра-тврдење, а во тој случај видеото може да биде вратено дури по 2 недели.

Дополнително студиото веќе не е великодушно кога торентите се во прашање и сега поднесува купови барања до сите торент страници. Ако минатата година HBO сметаше дека торентите се можност да се популаризира серијата, тоа повеќе не е така. Компанијата сега преку Echelon испраќа илјадници барања за отстранувања на пиратски содржини. Покрај стандардните барања за IP-адреси и нотификации, до пиратите стигаат и извесувања од HBО, јави Torrentfreak. Ова не е новитет, но новитет е бесплатната реклама која се обидува да ја издејствува HBO. Имено како дел од предупредувањето треба да дојде и известување дека содржините можат да ги гледаат доколку се претплатат на некој од HBO каналите. Издавачот досега има поднесено куп барања за отстранувања на торенти со сериите, па најголемиот број од торенти со многу сидери веќе се отстранети.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии