HBO ќе ги продава Game of Thrones и True Detective преку Веб

Од следната година HBO ќе овозможи продажба на содржини кои можат да се стримаат преку Интернет. Компанијата во 2015 година ќе запоочне со понуда на дигиталната верзија на своите услуги за кои нема да има потреба од платена ТВ-претплата, вели директорот на компанијата Ричард Плеплер за Re/code.

Досега HBО нудеше дел од своите програми преку HBO Gо и најверојатно во 2015 година Gо ќе стане самостојна алатка преку која HBO ќе ги нуди Game of Thrones, True Detective и останатите серии. Hulu, Amazon и пред се Netflix веќе имаат куп серии на своите програми, па HBO најверојатно ќе понуди и дел од своите постари хит серии како Rome, Deadwood или Carnivale.

За почеток услугата ќе биде достапна во САД. Компанијата продолжува да бара нови решенија за соработка со нови партнери, а пред се сакаат да се обидат да ги освојат телевизорите на 80 милиони семејства кои досега немаа пристап до HBO.

.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии