Hawken повторно живее, но не во мултиплеер

Многумина сеуште го паметат Hawken. Оваа мрежна пукачка игра со огромни мекови беше згасната пред добри две години. По се изгледа фановите никако не можеа да се помират со ова и вредно работеа за нејзино оживување, а резултатот е значително подобар од чудовиштето на Франкенштајн. Имено, Hawken повторно може да се игра сега, но само во singleplayer, односно со оние модови во кои се активира вештачката интелигенција.

Проектот е на групата која се вика Hawakening. Според нив, луѓето здраво се измачиле за да ја ја покренат играта и да добијат некој успех. Заедницата која стои зад играта постојано инсистира на комуникација со издавачкото студио и за обиди повторно да се врати играта.

Имајте во предвид дека ваквото играње на играта не е легално во сите земји. Онаму каде е, дозволиво е само доколку имате лиценца на играта (се мисли дали претходно сте ја играле играта на Steam).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии