Медиа артист и професор на Универзитетот од Мериленд, Хасан Елахи објасни во својот TED говор дека денес иако споделуваме се, локација, слики и други статуси, сепак тоа не значи дека ние сме целосно откриени пред светот. Проектот на г. Елаџи започнува откако тој беше погрешно идентификуван од американското Федерално биро како сомнително лице и најверојатно поради честите патувања неговото име се најде во листата за набљудување. Поради тоа тој беше испрашуван од FBI агентите за неговата локација, за неговите движења и интереси.

Но, наместо да го фати паника, г. Елахи, решава своеволно да ги информира FBI за секое негово движење, првин по телефон и имејл, за на крај да го направи веб сајтот trackingtransience на кој ја постира својата локација во реално време заедно со слики и логови од сите свои патувања, слики од аеродроми, од храната во авионите, од продавниците во кои влегол и што купил таму… денес има вкупно 46.000 слики од сите негови патувања.

Неговиот сајт на крај прераснува во артистички проект за тоа што се може да се сподели на веб за сите да го видат, но и дека сите тие информации се всушност малку за да се одредеи една личност.

„Со објавување на сите тие информации, јас во основа ви кажувам се. Но, и покрај целата лавина со информации, јас всушност живеам анонимен и приватен живот. Вие всушност знаете многу малку за мене“, вели г. Елахи во својот TED говор.

„Дојдов до заклучок дека за да си ја заштитите приватноста, не мора да бришете се… Треба само да преземете контрола врз тие информации. Тоа што јас го постирам е многу поразличен тип на идентитет од тоа што вие би го нашле доколку собирате парчиња информации.“

1 коментар на “Хасан Елахи: Еј FBI, јас сум тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии