Harry Potter, но до дома и со сајтот Wizarding World

Harry Potter Wizarding World e релативно нов веб сајт кој се претставува како официјалниот хаб за фановите на Harry Potter and Fatastic Beasts.

На понуда имате најразлични забавни активности, како квизови, загатки и бројни извадоци од книги, слики, и видеа кои се замислени да ги активират младите умови и фанови на овој магичен серијал. Исто така, глумците од филмовите читаат делови од книгата, а имате на располагање и посебен оддел кој ќе им ги олесни обидите на најмладите да пробаат да направат магични креации. Преку сајтот, бесплатна е аудио книгата Philosopher’s Stone, преку Audible, а бесплатно можете да пробате да позајмите некоја друга електронска книга преку Libby, или Sora апликациите.

Во попоплнување на содржините на сајтот, директно има учествувано писателката Џеј Кеј Ролинг, а и тесно се соработува со Warner Bros. и Pottermore. Уште многу работи, кои дополнително ќе го прошират искуството, се ветуваат во блиска иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии