Хардвер од Spotify?

Дејан Соколоски

во Свет

Најголемиот сервис за стрим на музика размислува да презентра хардвер. Spotify има закажано настан за 24 април и тогаш ќе дознаеме за што точно ќе станува збор. Сепак најверојатно станува збор за хардвер кој ќе биде стрим радио за автомобил, пренесе Verge.

Ова и не е најлудата идеја. Компанијата има куп, ама баш куп музика, па креирањето и продавањето на ваков хардвер не би било изненадување. Можеби ваквото радио би можеле и да го споредиме со Kindle на Amazon.

Двете компании имаат содржини. Во случајот на Spotify тоа е музика, кај Kindle тоа се книги. Компаниите можат оваа содржина преку реалативно евтин хардвер да ја донесат до поголема публика. Amazon може преку уредот да рекламира производи, а најверојатно и Spotify има сличен план, иако ова засега не е објавено.

Првите вести кои наговестија дека ќе станува збор за своевиден звучник за стрим се појавија во февруари. Дел од клиентите на Spotify јавија дека добиле понуда од компанијта за нов сервис / услуга која за претплата од 13 долари месечно ќе понуди стрим. Во оваа сума би „влегле“ и стримингот и уредот.

Сепак засега нема потврда од Spotify. Што ќе се случи и што ќе претстави компанијата ќе дознаеме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии