Hand of Fate 2 излегува во ноември

Мартин Јованчевски

во гејминг

Оригиналната Hand of Fate 2 ги импресионира фановите на акциони RPG игри со уникатниот систем со карти од чија зависност се одмотуваше приказната од мистериозниот делител.

Девелоперите беа исклучително срамежливи за состојбата на двојката, но од неодамна обелоденија дека продолжетокот ќе се одликува со забележителни надградби. RPG гејмплејот ќе биде заснован на квестови, битки и плен, а приказната ќе се раскажува во зависност од добиените карти.

„Секоја карта ќе ги тестира играчите со hack-and-slash битки, опасни локации за истражување, напнати мини игри и донесување одлуки во стилот на Dungeons & Dragons игрите“, објаснува студиото и додава дека ваквите предизвици ќе бидат оклучувани на сосема нови начини, благодарение на новата заедничка појдовна дестинација.

Од студиото се сигурни дека фановите дополнително ќе бидат импресионирани со новитетите, како различни типови оружја и уникатни карти со борбени стилови. Одредени карти значително ќе ви ги зголемат способностите, што знае да биде особено корисно при пресметки со целосно нови босови и непријатели. Низ приказната, ќе мора и да исполнувате најразлични борбени услови доколку сакате да издвоите ултимативна победа.

Со неодамнешниот трејлер, Defiant го открија и четвртиот и последниот придружник. Ariadne е несопирлива сила која не сака ништо повеќе отколку да ги разрешува сите конфликти со ладни оружја. Дополнително, девојката е способна за двојно повеќе chance карти, со што значително се подобруваат шансите за успех.

„HoF2 има прераснато во проект кој нè прави исклучително горди, со забележителни подобрувања во секој елемент од оригиналната игра. А, и масивна е! Она што требаше да биде со отприлика иста должина како HoF1 се трансформира во четири пати поголем продукт, со нови ликови, непријатели и фантастична разноликост од нови предизвици“.

Hand of Fate 2 ќе чини 25 евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии