Halo: The Master Chief Collection доаѓа на Steam

Да, добро прочитавте!

Halo: The Master Chief Collection конечно ќе излезе за PC и ќе нѝ дозволи да ги искусиме Halo: Reach, Combat Evolved, Halo 2, Halo 3, Halo 3: ODST (Кампањата), и Halo 4. Феноменална колекција од критички-признаени игри за кои со години слушаме многу, но никогаш немавме можност да ги одиграме.

Но, сите игри нема да излезат од еднаш, туку по една игра во одредени стадиуми, со задржување на хронолошкиот редослед. Па така, првата игра која ќе излезе како дел од оваа колекција ќе биде Halo: Reach, а потоа, полека ќе се редат останатите игри. Ваквата одлука била донесена затоа што тимовите задолжени за нивната преселба на PC не сакаат да исфрлат полу-печени производи и да занемарат одредени предности на платформата. Сите игри ќе имаат максимална поддршка за видно поле (FOV), резолуции во 4К, како и поддршка за ултра широки монитори (ultrawide), прилагодливи фрејмови и целосна слобода при уредување на контролите. Ова беше ветувањето на развојното студио 343 Industries. Веднаш по нив, се огласи и Microsoft и вети дека по официоналното излегување игрите и понатаму ќе растат и ќе се менуваат како директна последица на повратните информации од фановите.

„Започнуваме патување со нашата заедница за да овозможиме PC искуство кое ќе излезе во пресрет на очекувањата на PC гејмерите“, вети директорот на заедницата Брајан Џарард, „Тимот е страствено посветен да ги овозможи сите предности кои се очекуваат од модерните PC наслови.“

Се уште не знаеме по која цена би се продавала колекцијата, нити пак од кога би можеле да почнат да излегуваат игрите, но The Master Chief Collection веќе си има страна на Steam, а тоа би можело да значи дека најверојатно нема многу да чекаме за Halo: Reach.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии