Halloween распродажби на дигитални игри

Многу земји оваа сабота ќе ја прослават Ноќта на Вештерките на значително пострашен начин, со оглед на бројните рестрикции на Covid. Во случај да решите саботата да ја поминете дома, зграпчете кеса чоколатца и некоја од бројните зделки на дигитални игри, брутално масакрирани од високи цени. Ова се продавниците во кои можете да ги потрошите вашите тешко-спечалени пари:

Steam – Најновата распродажба на Steam трае до 2 ноември и нуди бројни игри за исклучително ниски цени. Поголемиот број од игрите се со Halloween елементи, но и имаат интересни активности и надополнувања во духот на празникот. Оние кои се по различен изглед на нивниот профил, имаат нови Halloween инспирирани теми.

Steam's spine-chilling Halloween sale has begun | Rock Paper Shotgun

Green Man Gaming – Покрај бројните игри кои се нудат на распродажба, имате и флеш зделки кои се менуваат секој ден. За игрите кои ќе ги купите тука добивате искуствени поени кои го зголемуваат вашиот потрошувачки левел и нудат подобри зделки.

GamersGate – Бројни попусти на стотици игри. За секоја купена игра од тука добивате одреден износ на нивната дигитална валута со која, доколку соберете доволно, можете да купите некоја друга игра. Дигитална валута добивате и со правење најразлични активности низ продавницата, како рецензии, помагање на останатите играчи, и слично.

GOG – Скоро 900 игри ги имаат намалено нивните цени и до 90%. Огромни сме фанови на GOG затоа што игрите кои ги купуваме тука навистина се наши и немаат никакви заштити, со што ги користиме без ограничувања и онака како што сакаме.

Origin – Страшни заштеди можете да најдете и на официјалната продавница на ЕА. Иако бројот на игрите никако не е големи, на располагање имате класични хитови првенствено на овој издавач, но и на Ubisoft, како и намалувања на експанзиите за The Sims 4.

GamesPlanet – Скромна понуда на игри ќе најдете и на овој веб сајт. Доколку никогаш не сте купувале од тука, искуството е флуидно, клучот го добивате инстантно, а услугата со потрошувачите им е на врвно ниво.

WinGameStore – Уште една наша омилена продавница секојдневно нуди најразлични зделки. Дефинитивно проверете што има и тука затоа што цените се во долари, а попустите знаат да бидат за нијанса пониски од конкуренцијата.

PlayStation – А гејмерите на конзолата на Sony ja имаат честа да ја проверат последната распродажба пред официјалното излегување на PS5. На располагање имате бројни игри од најразлични жанрови и теми, со некои историско најниски цени.

Пријатен шопин и, уште поважно, пријатен гејминг!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии