Half-Life: Alyx е следната игра во еден од најпопуларните серијали

Valve, студиото зад популарната платформа за игри – Steam и понатаму не знае да брои до три. Dota 3, Left4Dead 3, Portal 3, и Team Fortress 3 се што подалеку од реалноста, а таквото нешто се чини дека е вистина и за Half-Life 3. По нешто повеќе од деценија болен молк, студиото најави нова игра во Half-Life универзумот, играта нема да го продолжи клифхангерот од двојката и последователните епизоди, туку обработува настани пред Half-Life 2, и тоа само во виртуелната реалност.

Без скапата опрема за виртуелно реалност, Half-Life: Alyx нема да може да се игра, што, иако е штета, гледајќи го трејлерот, разбираме зошто е тоа така.

Од она што успеавме да прочитаме, Half-Life: Alyx се чини дека е само почеток за она што Valve го планира за серијалот. Кога дизајнерот Дејвив Спејрер беше прашан дали можеме да очекуваме повеќе игри од овој серијал, одговорот кој беше понуден е дека Valve пронашле нови начини за раскажување приказни и дека сакаат да продолжат во понатамошно истражување на истите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии