Half-Life 3 наскоро? Valve го патентира заштитниот знак за играта во Европа

Иако изгледаше дека Valve заврши со најавите за овој месец по најавата на контролерот за Steam конзолата, гејмерите конечно го дочекаа тоа што сакаа да го слушнат од компанијата. На 29 септември Valve поднесе барање за патентирање на Half-Life 3 во Европа.

Наследникот на една од најпопуларните игри Half-Life 2 е долго очекуван од фановите. Претходникот излезе во 2004 и доби дури 39 награди за „Игра на годината“, а беше прогласена и за игра на деценијата. Иако ваквите барања за патент може да останат и нереализирани, сепак вистинска реткост е ваква најава да дојде директно од Valve. Half-Life 3 е во изработка заедно со Left 4 Dead 3, јавува IGN. Ако веста се покаже точна, голема е веројатноста дека Half-Life 3 ќе дојде заедно со конзолите на Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии