Хакирано говорното сандаче на Бритни и Парис

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Користејќи ја услугата на LIGATT Security – spoofem.com, папараците успеале да ја злоупотребат оваа услуга и да навлезат во говорните сандачиња на двете добро познати девојки. Грегори Еванс, директорот на компанијата LIGATT Security, изјавил дека на 17 март, 2008, добиле неколку телефонски повици од страна на претставниците на двете жртви.

Тие тврделе дека папараците ги користеле нивните услуги (spoofem.com) за проверување на личното говорно сандаче на Бритни Спирс и на Парис Хилтон.

Откако вработените во LIGATT Security ја согледаа проблематиката, заклучија дека папараците успеале да ја експлоатираат оваа "грешка" во услугата spoofem.com на следниот начин:

– SpoofEm.com им овозможува на корисниците да повикуваат некој број и на екранот на повикувачкит број да се покаже било кој број кој тие го изберат(менување Caller ID), менување на Вашиот глас од женски во машки и обратно, снимање на телефонски разговор и сатирање на текстуалните пораки (SMS). Ако некој корисник го повика на пример бројот: 123456 и го намести CallerID-то на 123456, телефонската компанија ќе помисли дека го повикувате сопствениот број од твојот мобилен и автоматски Ве пренасочува до Вашето говорно сандаче, во кое влегувате без проблем АКО немате специфицирано лозинка за влегување во самото. Така папараците успеале во нивните цели.

Компанијата изјавила јавно извинување до Бритни Спирс и до Парис Хилтон и до нивната фамилија, адвокатите и пријателите, на кои, приватните пораки би можело да им бидат загрозени од страна на малициозните папараци.

Еванс изјавува: "Ние се обидуваме да го предупредиме светот за оваа "грешка" и како да се заштити. Постојат и други услуги како spoofem.com, што е цел и на прогонувачите, кибер насилниците и папараците. Постои бесплатна услуга наречена: SpoofAbuse.com, која овозможува Вашиот телефонски број да биде блокиран на нивната мрежа како и на било која филијална мрежа за да никој неможе да Ве измами додека ве повикува".

Повеќе за услугата SpoofEm на: http://www.spoofem.com
Повеќе за услугата SpoofAbuse на: http://www.spoofabuse.com

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии