Хакирани над 1 милијарда корисници на Yahoo!, Verizon размислува за повлекување

Можно е Verizon да ја повлече својата понуда за купување на Yahoo! по дополнителниот скандал низ кој поминува овој некогашен главен играч во интернет индустријата. Причината за ваква одлука ќе биде штетата на имиџот на компанијата по откривањето на новиот напад.

„Verizon можеби ќе побара да прекине со купувањето акции или да ги промени условите на продажбата поради безбедносниот инцидент.“ вели Yahoo! во извештајот за инвеститорите до кој стигна CNN.

Дел од експертите сметаат дека поради безбедностите пропусти кои се објавени, вредноста на Yahoo! е падната. Како последица на пробивањето, цената на Yahoo може да биде намалена од 4.8 на 2.8 милијарди долари, вели Џон Маделин за Guardian.

Yahoo! објави дека над 1 милијарда кориснички сметки беа компромитирани во сајбер нападот од 2013, за кој тие известија години подоцна. Претходно Yahoo! објави дека се пробиени и податоци на над 500.000 корисници во 2014. Компанијата и за овој напад обвини хакери спонзорирани од држави.

Се чини дека безбедноста во Yahoo! не е на доволно високо ниво. Вториот и можеби поголем проблем е транспарентноста. Компанијата чекаше 2 или 3 години за да сподели податоци за нападот со јавноста. Причината за ова е што најверојатно од Yahoo! воопшто не биле свесени за напaдот, до неодамна. Ова во најголема мера ги остави небезбедни корисниците и нивните податоци.

Дел од податоците кои можеби се во раце на хакерите се: имиња, телефонски броеви и дата на раѓање. Овие податоци најверојатно веќе се на продажба на „скриениот интернет“ (Dark Web). New York Times шпекулира дека целата датабаза на Dark Web е продадена  за сума од 300.000 US долари во август, а наддавачи биле едни од најактивните спамери.

Што да направите ако имате Yahoo! профил

  • Избришете го и префрлете се на друг провајдер!
  • Ако од некоја причина сакате да останете верен корисник на Yahoo! и покрај овој напад, веднаш проментете ја лозинката и сигурносните прашања.
  • Користете подолга лозинка. Комбинација од: броеви, големи и мали букви, специјални карактери.
  • Користете различна (единствена) лозинка за секој сервис.
  • Користете Password Manager ако не можете да запомните комплексни лозинки. Password Chef, LastPass или 1password.
  • Секаде каде е овозможена двојна авторизација, искористете ја.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии