Хакирањето на телефонот на Џеф Безос сега е меѓународен инцидент

Пред речиси точно една години на крајот на 2019 интимни фотографии на Џеф Безос и неговата љубовница Лорен Санчез дојдоа до страниците на National Enquier. Неколку месеци подоцна безбедносниот експерт Гавин де Бекер дојде до заклучок дека зад следењето на електронската комуникација на основачот на Amazon е Саудиска Арабија.

Денес овој случај полека добива разрешница или барем уште повеќе ќе се разгори. Обединетите нации побараа истрага откако добија форензички извештај дека веројатно одговорна за хакирањето на телефонот на телефонот на г. Безос навистина е Саудиска Арабија. Во својот извештај кој дојде до рацете на Guardian, Обединетите нации цитираа извештаи од безбедносната компанија FTI.

Сомневањата се дека во нападот е искористен софтвер налик на Pegasus од NSO или Galileo на Hacking Team.

NSO и Hacking Team се оградија од овие обвинувања, но во извештајот Обединетите нации потсетуваат дека двете компании имаат софтвер доволно софистициран за употреба во овие напади, а и двете компании го нудат на владини претставници.

Што се однесува до самиот напад направен е софистицирана алатка. Софтверот е испорачан од видео фајл кој бил испратен од WhatsApp профилот на принцот Мохамед бин Салман. Се чини дека малициозниот код е скриен во контејнерот во кој видеото е испорачано. Кога г. Безос го отворил видеото кодот се декриптирал и го инсталирал софтверот на телефонот. По само неколку часа сообраќајот од телефонот пораснал за 30 пати. Ова е показател кој се користи при детектирање на малициозен софтвер, не нема цврст доказ дека хакерскиот напади навистина и се случил велат од безбедносната компанија.

Засега извештајот официјално не е достапен, но саудиските власти веќе го прогласија за смешен и демантираат дека принцот направил каков било напад врз телефонот на г. Безос. Целиот извештај веќе е објавен на Motherboard.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии