Хакиран Сорос, над 2.500 документи се јавно достапни

Над 2.500  фајлови, од кои најголем дел од фондацијата Отворено општество се споделени јавно достапни на DCLeaks.

„Благодарение на него (Џорџ Сорос) и неговите слуги светот мисли дека САД се крвопии, а не светилник на слободата. Неговите робови, убиваат милиони и милиони луѓе, и го прават побогат. Сорос е олигарх кој ја спонзорора Демократската партија, Хилари Клинтон, стотици политичари низ целиот свет. Овој веб-сајт е создаден за да им овозможи на сите да ги прегледаат доверливите документи на фондациајта Отворено општество на Џорџ Сорос и организациите блиски до неа.“, вели DCLeaks.

Документацијата која е споделена е поддредена по региони. Oвозможено е и пребарувуање по содржинaта на документите. Македонија е спомената во деведесетина објавени документи. На прв поглед во нив нема ништо контраверзно.

Ова не е првпат да бидат објавени податоци за невладините организации финансирани од Џорџ Сорос. Во јуни организацијата објави дека се цел на хакерски напад. Цел на напад е интранет системот, кој го користат: членовите на одборот, персоналот и партнерите основачи.

Креаторите на DCLeaks тврдат дека единствена цел им е да ги информираат граѓаните на САД. Сепак безбедносните експерти, ThreatConnect тврдат дека станува збор за руска хакерска група. Ја поврзуваат групата со Guccifer 2.0 која претходно објави електронска комуникација на Демократската партија. Овој пат тоа го прават скришум, но анализата на експертите покажува дека сепак станува збор за истата група.

DCLeaks има податоци од НАТО, кампањата на Хилари Клинтон, фондацијата Отворено општество, пренесе Bloomberg. Досега се сметаше дека целта на објавувањето на документите е влијание на претседателската кампања. Сепак, по последната објава, изгледа дека хакерите објавуваат податоци и се надеваат дека и медиумите ќе ги објават.

1 коментар на “Хакиран Сорос, над 2.500 документи се јавно достапни

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии