Хакиран MacBook Air

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}MacBook Air – најтенок лаптоп во светот, неодамна претставен од страна на Apple на  натпреварот Pwn 2 Own беше успешно хакиран за само две минути од страна на независни истражувачи на компјутерска сигурност. Натпреварот е спонзориран од страна на компанијата TippingPoint.

На првиот ден од овој настан во Среда не се случи ништо особено бидејќи едно од правилата беше обидите да се без употреба на извршувачки кодови. На вториот ден пак, кога беше дозволена употреба на вакви кодови и беше овозможено користење на размо веб измами тимот составен од Чарли Милер, Џејк Хонороф и Марк Даниел од Independent Security Experts успешно го хакираа новото чудо на Apple.

Тимот искористи грешка во Safari прелистувачот на Apple, за која досега не се знаеше многу. Чарли Милер доби награда од 10,000 американски долари за успешно хакирање на MacBook Air.  

Чарли Милер и неговите соработници се луѓето кои стојат и зад еден од првите хакови на Apple Iphone преку безжична мрежа, за што беше објавен текст и во New York Times.

MacBook користи OS X, верзија 10.5.2. Лаптопот Sony Vaio на кој исто така  истражувачите се обидуваа да извршат хакерски напади користеше Ubuntu 7.10, додека Fujitsu компјутерот користеше Vista Ultimate.

Ова е само уште еден доказ дека вистински одраз на дигиталната сигурност е начинот на кој корисниците го користат компјутерот, а не каков оперативен систем користи истиот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии