Хакерскиот напад врз Google го таргетирал сервисот за лозинки

Gaia или Single Sign-On е сервис на Google кој овозможува да се логирате само еднаш и потоа имате пристап до сите сервиси.

Претходно беа откриени две мрежи кои се лоцираа во Кина, преку кои хакери го краделе информации од новинари за човекови права, од Далеј Лама, како и од војската на Индија. Знаејќи го ова, чекорот на хакерите е логичен – пробивајќи го системот на Google ќе добијат едноставен пристап до сите мејлови на сите што ги интересираат.

Google вели дека Gaia не е пробиена, но други експерти велат постои можност хакерите да откриле грешка, споредна врата во системот за која гигантот може да не е свесен дека постои.

Деталите од нападот се строго чувана тајна, вели New York Times чиј анонимен извор објасни дека целиот напад започнал со праќање на инстант порака до вработен во Google China со линк до заразен сајт, преку кој хакерите добиле пристап до компјутерот на вработениот во Кина за да се поврзат со Google-oвите софтверски девелопери во Калифорнија.

1 коментар на “Хакерскиот напад врз Google го таргетирал сервисот за лозинки

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии