Хакерот кој крадеше слики oд Скарлет Јохансон и Лејди Гага доби затвор и 2,2 мил. долари казна

Кристофер Чејни, 35-годишен хакер, се соочи со можни 60 години затвор откако се покажа дека е виновен за девет обвиненија за крадење на лични податоци. Тој најверојатно нема да ја добие максималната казна, но можно е да добие неколку години затвор и парична казна до 2,2 милиони долари која ќе ја плати како оштета на своите жртви.

Чејни е познат по пробивањето на паметните телефони и имејл профили на познатите холивудски ѕвезди Скарлет Јохансон, Кристина Агилера, Лејди Гага и многу други, главно женски личности чии приватни слики и податоци потоа ги продавал на сајтовите за озборување.

Тој призна дека ја злоупотребувал опцијата „forgot password” за да ги пробие мејлови, пишува BBC. Тој го погаѓал одговорот користејќи јавни податоци на ѕвездите за да го одговори тајното прашање. Тој призна дека штом добиел пристал ги подесувал мејловите да ги редиректираат пораките на негови мејлови, што му овозможило да ги следи постојано. Таа опција е толку ефикасна што дури и ѕвездите да ја променат лозинката, тој ги добивал имејловите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии