Хакерот кој крадеше лични податоци од холивудски ѕвезди се извини, но сепак го чека затвор

Навистина ми е жал, знам дека го направив едно од најлошите упади во приватноста што некој може да ги доживее, се извини 35-годишниот хакер Кристофер Чејни, кој e oбвинет за пробивање на телефоните и онлајн профилите на 50 познати холивудски ѕвезди, меѓу кои Скарлет Јохансон и Мила Кунис. Поради нарушување на приватноста и крадење на податоци, Чејни се соочува со можна максимална казна од 121 години во федерален затвор.

Тој вели дека „започна како љубопитност и потоа се претвори во зависност да гледам зад сцените на тоа што што се случува со овие луѓе кои ги гледате на големите екрани секој ден, и ми олесна пред неколку месеци кога полицијата ми чукна на вратата, ми го заплени компјутерот, и ми рече што се случува, дека знаат – бидејќи навистина не знаев како да се сопрам себе си.“

Тој изјави дека не ги продавал податоците што ги крадел од познатите ѕвезди. Една од тие слики која привлече најмногу внимание е полуголата слика на Скарлет Јохансон. Но, според FBI, Чејни се обидувал да ги продаде сликите на разните блогови кои се занимаваат со трачеви. Тој е обвинет и дека крадел финансиски информации, сценарија за филмови, разговори меѓу ѕвездите и други лични детали.

Toj ги пробивал Gmail, Apple и Yahoo профилите преку системот на заборавени лозинки, погаѓајќи го одговорот на тајното прашање кое тој го откривал копајќи во информации од весници, Тwitter и Facebook. Често ѕвездите како одговор го ставале името на омилените филмови, фамилијарни псевдоними, миленичиња, родендени итн. Откако ќе ги пробиел профилите Чејни ги местел мејловите да му ги преносачуваат пораките, така да дури и кога ќе е сменета лозинката тој ги добивал пораките на мејлови со псевдоними како „trainreqsuckswhat” или „anonygrrl”. FBI успеале да го oткријат Чејни преку неговите псевдоними.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии