Хакери украдоа терабајти од Пентагон

{mosimage}Дел од документите за Joint Strike Fighter проектот на Пентагон вреден неверојатни 300 милијарди долари се најдoa во рацете на засега непознати хакери. Хакерите украле неколку терабајти податоци (1 ЦД има 700 мегабајти, а 1 терабајт е милион мегабајти) од Пентагон за хај-тек авионот F-35, пишува Wall Streat Journal (WSJ) повикувајќи се на извори од Пентагон кои додале дека ова не е единствениот напад. Во последните шест месеци американските компјутерски системи се под постојани напади, велат од Пентагон.

Еден извор рекол нападите доаѓаат од Русија и Кина, иако таквото покажување со прст Пентагон го отфрли бидејќи лесно може да се постават лажни траги. По објавувањето на веста Кина ја демантираше поврзаноста со хакерските напади.

Иако се работи за терабајти податоци, сепак американските власти рекоа дека најважните податоци не се допрени бидејќи тие се чуваат на компјутери кои не се поврзани на интернет.

Инаку Joint Strike Fighter е проект за дизајнирање на авионот F-35 Lightning II кој стартувал во 2001 година и се уште не е завршен, а се потрошени околу 300 милијарди долари. Повеќе за F-35 авионот може да прочитате на официјалниот сајт.

{mosimage}

САД соработува со своите сојузници на проектот. Британија, Австралија и Канада допринеле со по 5 милијарди, додека деловите и останатата технологија за проектот се развива од разни фирми низ светот што ја зголемува опасноста од „пропусти“. Хакерите најверојатно ги собирале податоците уште од 2007 година, додека доказите за пропустите се откриени при крај на 2008. Еден таков пропуст се појавил во Турска и уште во една земја сојузник на САД, пишува WSJ повикувајќи се на извори од Пентагон.

„Системот на Пентагон се напаѓаат постојано, секој ден“ изјави полковникот Ерик Бутербаут од Пентагон кој не сакаше да даде официјален коментар за украдените податоци за Joint Strike Fighet.

За да ја засили безбедноста, администрацијата на Барак Обама ќе го продолжи планот на претходната влада на Буш со кој се планира да се потрошат 18 милијарди долари за неколку години за креирање на нов онлајн-безбедносен систем.

Изјавата за овој инцидент следи само еден месец откако деталите за хеликоптерот на Обама беа пронајдени на P2P мрежи.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии