Хакери тврдат дека ги пробиле NSA, бараат 1 милион биткоини за алатките на NSA

Засега непозната група хакери наречена „The Shadow Brokers“ тврди дека ја пробиле заштитата на Агенцијата за национална безбедност на САД. Групата бара 1 милион биткоини за да објават повеќе податоци.

Хакерите не тврдат директно дека станува збор за NSA, но ги споменуваат Equation Group, колектив кој од порано се сомничи дека е дел од Агенцијата за национална безбедност. Сумата од 1 милион биткоини или 568 милиони долари, е наменета за целокупниот арсенал на алатки, но и нови фајлови.

Во објавените фајлови има скрипти за инсталација и конфигурација на сервери за управување и контрола, но и пропусти креирани за напад на рутери од американско производство.

Листата на производители ги вклучува Cisco, Juniper и Fortinet.

„Колку би платиле за сајбер оружјето на непријателот? Не за малициозниот софтвер кој го наоѓате на вашите компјутери. Двете страни RAT и LP, целосно спонзорирани алатки од држава? Ги пронајдовме сајбер алатките на креаторите на stuxnet, duqu, flame. Kaspersky ги нарекува Equation Group.“, вели групата во поканата за наддавање објавена на неколку локации.

Засега нема потврда дека документите доаѓаат од NSA, но експертите велат дека има силни индикации. Дел од имињата на алатките како „BANANAGLEE“ или „EPICBANANA“ се исти со оние кој ги сподели Едвард Сноуден, пренесува Motherboard.

„Ако станува збор за измама, тогаш креаторите навистина имаат потрошено многу време и вложено многу напор. Споделените докази изгледа дека се вистински, и станува збор за пропусти кои и би очекувале дека ќе ги користи група која таргетира комуникациска инфраструктура.“, вели безбедносниот експерт The Grugq.

4 коментари на “Хакери тврдат дека ги пробиле NSA, бараат 1 милион биткоини за алатките на NSA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии