Хакери споделија куп податоци од HBO, телефонските броеви на глумците на GoT се дел од споделените податоци

Телефонските броеви и имејл адреси на Питер Динклејџ, Лена Хееди и Емилија Кларк се јавно достапни. Лични податоци на актерите се дел од фајловите кои ги сподели хакерската група. Доколку не биде исплатен откуп за 3 дена, сите податоци ќе бидат јавно објавени, пренесе Guardian.

Хакерот тврди дека има 1.5 TB податоци од HBO мрежата, а првите споделени фајлови се со големина 3.4 GB. Дел од податоците кои се споделени се сценаријата за епизодите на Game of Thrones, но и имејл адресите и телефоните на сите актери во 7 сезона. Дополнително, има куп пораки од вработените во HBO кои се достапни во споделените фајлови.

Хакерите велат дека просечно трошат 500.000 долари годишно на купување на „zero-day“ пропусти. Хакерите побараа откуп во висина од шест месечни плати на сите вработени во HBO. Тој најави дека ќе го контактира единствено директорот на HBO, Ричард Плепер. На пробивањето на HBO хакерите работеле 6 месеци.

Дел од фајловите кои не се споделени се деловни тајни на HBO. Дополнително, доколку HBO не плати наскоро, хакерите ќе ги споделат и идните планови на компанијата, не само за сериите, туку и за технологијата. Скриншот од едeн од фолдерите наговестува дека хакерите можеби имаат цели сезони од неколку идни серии. Room 104, Insecure season 2, неименувана серија на Мајк Џаџ и девета сезона на Curb Your Enthusiasm, се дел од сериите кои можеби „ќе излезат“ порано.

Претставник на HBO за Wired откри дека компанијата сè уште соработува со Федералното истражно биро во обид да откријат како хакерот ја пробил заштитата на издавачот.

1 коментар на “Хакери споделија куп податоци од HBO, телефонските броеви на глумците на GoT се дел од споделените податоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии