Хакери направија Siri да работи на не-iOS уреди

Минатата недела Apple беше категоричен велејќи дека личниот асистент Siri ќе работи само на iPhone 4S, но не и на постарите модели. Siri користи постојано инфра-црвено светло за да го најде корисникот. Такво светло нема на постарите модели и најверојатно затоа Siri е само наменет за 4S.

Но… група француски истражувачи од париската фирма Applidium успеаја да комуницираат со Siri преку друг уреди, и тоа на не-Apple уреди. Тие зборувале со Siri преку персонализирана скрипта на лаптоп.

„Го пробивме протоколот на Siri. Успеавме да го користиме енџинот за препознавање на Siri од било кој уред. Да, тоа значи дека секој може да напише Android апликација која го користи правиот Siri. Или да го користите Siri на iPad.”, велат истражувачите на својот блог кои решија да споделат алатки за „кои не се завршени, но може да им искористат на билокој кој е технички поткован да креира Siri апликација.“

Француските истражувачи велат дека започнале со проверка на податоците кои ги праќа iPhone 4S бидејќи Apple објаснува дека Siri праќа податоци до далечински сервер. Tие го откриле guzzoni.apple.com серверот на кој 4S му ги праќа необработените аудио податоци и кој враќа одговор. Тие, со лажен HTTPS сервер и SSL сертификат, откриле и дека iPhone 4S праќа идентификувачки код кој е потребен за да се користи Siri. Иако тој код може да се земе од друг iPhone 4S, големи се шансите Apple да го банира тој идентификациски код.

Нивниот хак не е потврден дека функционира како што е опишан, и сигурно си има свои ограничувања, но теоретски се докажува (по втор пат) дека Siri може да се користи и на други iOS и не-iOS уреди. Сепак може да се очекува целиот метод да биде закрпен од страна на Apple со цел да се спречи користењето на Siri на други не-4S уреди, дел поради бизнис логиката на продавање на новите модели, дел поради недоволно доброто корисничко искуство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии