Хакери направија пребарувач за хакот на Domino’s

На почетокот на оваа година телефонски броеви на над половина милијарда корисници се појавија на продажба на бот на Telegram. Заинтересираните купувачи можеа да пребараат по телефонски броеви или кориснички имиња. Ваквиот тренд на креирање на платформи преку кои се нудат податоци на корисници продолжува и понатаму.

Овој пат во фокус се податоците на индиските корисници на Domino’s Pizza. Во април се украдени над 13TB податоци за 180 милиони корисници. Овие податоци сега се достапни на .onion во форма на пребарувач. Заинтересиранитe може да пребараат податоци за корисници преку телефонски броеви или имејл адреси. Дел од корисниците на Domino’s веќе ја потврдија веродостојноста на своите податоци кои се достапни на пребарувачот.

Дел од податоците кои се достапни се: име, имејл, телефонски број, GPS локација. Пострашна е најавата дека наскоро ќе бидат достапни и платежните детали и документацијата на вработените. Сепак според сопствениците на Domino’s платежните податоци на корисниците не се дел од податоците кои се украдени во нападот.

И без финансиски детали овие податоци се доволни за да бидат посериозен проблем. Познавањето на адресата и телефонските броеви ги олеснуваат различните измами чија жртва може да бидат милионите корисници на Domino’s.

Вообичаените совети користете двојна авторизација и сложени лозинки овде не помагаат бидејќи потребна е поголема одговорност од компаниите кои ги чуваат податоците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии