Хакери, кракери и напаѓачи

IT.mk редакција

во Статии

{mosimage}Како и од секоја област на знаење, комплетно разбирање од компјутерска и мрежна сигурност зависи од разбирање на важни зборови и фрази. Кога читаме и учиме за компјутерска сигурност, често се среќаваме со термините: хакер, кракер и напаѓач и треба да ги разликуваме значењата на овие термини.

Првобитно, хакер бил корисник кој одлично го совладувал компјутерското програмирање и кој уживал во се што е поврзано со работење на компјутерските системи. Со текот на времето почнале да се случуваат мрежни и системски провали со зголемено темпо.

Оние кои што ги пријавувале инцидентите натрапниците почнале да ги нарекуваат "хакери", додека оние во хакерската заедница го преферирале терминот "кракер", термин кој што бил употребуван за да опише некој што провалува во некоја мрежа или систем со злобни намери. Таков натрапник често го среќаваме и како "напаѓач", термин којшто претставува јасна слика за злобните намери на оние кои провалуваат во туѓи компјутерски системи.

Има уште два термина со кои треба да бидете запознаени:

– white hat (бели шапки)
хите хат е хакер кој открива сигурносни пропусти во апликации и оперативни системи за да потоа произведувачите можат да ги поправат пред да бидат широко проширени проблеми. Тие често работат за организации посветени на помагање во откривање на сигурносни слабости или за самите произведувачи.

– black hat (црни шапки)
Како што можете и да претпоставите, black hat е хакер кој открива ранливости за материјални цели или за да причини штета. Како и во вестерн филмовите, добрите момци секогаш носат бели шапки додека лошите носат црни, од таму впрочем потекнуваат и имињата на поимите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии